СТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Црвениот крст на РМ е организиран на:
- Државно ниво
- Општинско ниво
- На ниво на Град Скопје
- Основно ниво
Раководна структура на Црвениот крст на РМ:
- Собрание
- Претседател
- Потпретседател
- Извршен одбор
- Финансиска комисија
Највисоко раководно тело на Црвениот крст на РМ е Собранието на Црвениот крст на РМ кое брои вкупно 75 члена.
Собранието е составено од:
- Избрани членови предложени од општинските организации на Црвениот крст.
- Избрани членови предложени од Младите на Црвениот крст.
- Претседателите на собранијата на општинските организации на Црвениот крст.
- Мандатот на членовите во Собранието е 4 (четири) години со можност за повторен избор.
- Извршниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РМ е орган на Собранието кој раководи со националното друштво помеѓу седниците на Собранието.Бројот на членовите на Извршниот одбор е 15.
- Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 4 (четири) години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.
- Членовите на Финансиската комисија се бираат од редот на членовите на Собранието на Црвениот крст на РМ, со мандат на членовите на Финансиската комисија од 4 (четири) години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.
- Извршниот одбор формира постојани и / или времени советодавни тела.
Постојани советодавни тела се:
- Комисија за развој и организационо-кадровски прашања;
- Комисија за дисеминација.
- Комисија за здравствено-превентивна дејност и крводарителство.
- Комисија за социјално-хуманитарна дејност.
- Комисија за подготвеност и дејствување при катастрофи.
- Комисија за службата за барање.
- Комисија за информирање и комуникации.
- Комисија за маркетинг.
- Комисија за статут и нормативни акти.
- За извршување на секојдневната оперативна работа, Собранието формира Стручна служба, која ги врши стручните , материјално-финансиските и административно-техничките работи.
- Со Стручната служба раководи Генерален секретар.
- Членовите на Црвениот крст на РМ опфатени во подмладокот и младината се организираат во : Млади на Црвениот крст на Македонија.
< врати се назад