СТАТУТ НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
С Т А Т У Т на Црвен крст на Република Македонија
(ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ)
ГЛАВА I
О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И
член 1
Црвениот крст на Република Македонија (во понатамошниот текст Црвен крст на РМ) дејствува и работи како единствена организација на територијата на Република Македонија. Црвениот крст на РМ е доброволна, масовна, самостојна и независна хуманитарна организација на граѓаните на РМ, дејствува и работи како невладина и непартиска орга низација . Мисијата на Црвениот крст на РМ е: „Црвениот крст на Република Македонија е хуманитарна, волонтерска организација која делува согласно со основните принципи на Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, работејќи на планот на обезбедување помош и услуги за ранливото на селение и промовирање на меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности“.