Справување со топлотен бран
Покрај информациите кои Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп континуирано ги споделува со граѓаните на своите електронски медиуми како да се справуваат со топлотниот бран поради високите температури кои го зафатија нашиот регион Општинската организација презема и теренски активности. Дистрибуција на вода и флаери за справување со топлотниот бран му се делеа на граѓаните во градот кои и покрај препораките имале потреба да излезат. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во рамките на безбедноста за своите волонтери направи смените на тимовите да се на побрз временски интервал за да не движат на отворено во ризичниот период и не подолго од 40 минути. Локалната самоуправа ја поддржа теренската активност со обезбедување на одредени количини вода која им се делеше на минувачите, а истата беше посетена и од страна на градоначалникот Борче Јовчески.