
јули 21, 2025
Справување со топлотен бран
Покрај информациите кои Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп континуирано ги споделува со граѓаните на своите електронски медиуми како да се справуваат со топлотниот бран поради високите температури кои го зафатија нашиот регион Општинската организација презема и теренски активности. Дистрибуција на вода и флаери за справување со топлотниот бран му се делеа на граѓаните во градот кои и покрај препораките имале потреба да излезат. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во рамките на безбедноста за своите волонтери направи смените на тимовите да се на побрз временски интервал за да не движат на отворено во ризичниот период.
