јули 13, 2023
Рекреативни активности
Со завршувањето на активностите предвидени во ЛАП за деца со посебни потреби не заврши и нашата грижа за истите, се со цел нивна подобра социјализација продолжија заедничките активности. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со базенот Маркови кули од Прилеп на штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби Ѕуница им овозможи бесплатна посета на базенот при тоа обезбедувајќи за сите штитеници од Дневниот центар оброк и освежување за време на посетата. Штитениците имаа можност да се рекреираат и разладат за време на високите температури во неколкуте базени, а при тоа и да научат како треба да се однесуваат во базените се со цел да си го заштитат своето здравје.