
Реализирани трите ПХВ работилници
Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во рамките на овогодинешниот ПХВ циклус беа реализирани трите ПХВ работилници. Работилниците предизвика голем интерес кај младите кои и оваа година преку соработка со училиштата имаа можност да се вклучат во ПХВ програмата. На првата работилница младите се запознаа со Движењето и значењето на Црвениот крст и стекнаа основни познавања за истото. На втората ПХВ работилница младите научија како да ја пронајдат целната група за својот проект, како да одредат кои се проблемите и потребите на нивната целна група и кои се чекорите во изработката на малите проекти. На третата и последна ПХВ работилница младите учесници од средните училишта во Прилеп се стекнаа со знаење за важноста од документирањето на проектите и начинот како да ги документираат своите проекти кои треба да ги реализираат. Во текот на сите работилници младите со ентузијазам ги работеа задачите и се спремни за почнување со реализација на терен на нивните ПХВ проекти.
