октомври 21, 2024

Реализирана информативно едукативна работилница за превенција од трговија со луѓе

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше информативно едукативна работилница за борба против трговија со луѓе по повод 18 Октомври „Европскиот ден на борба против трговија со луѓе“. Работилницата се реализираше за ученици од средното економско училиште и на истата добијаа информации за тоа како можеме да ја препознаеме трговијата со луѓе, што е трговија со луѓе и кои се последиците кај жртвите. Работилницата помина со интерактивно учество на присутните и на истата присуствуваа 31 ученик.

< врати се назад