
Работилница на тема „Контрола на емоции и справување со стресни ситуации“
Во рамките на проектот „ЛАП за деца со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства“, поддржан од Комерцијална банка, ЦКРСМ – ОО Прилеп реализираше работилница на тема „Контрола на емоции и справување со стресни ситуации“, истата се реализираше во просториите на Дневниот центар „Ѕуница“, каде свое учество зедоа вкупно 16 штитениците од центарот, родителите/старатели и вработени. Работилницата ја водеше волонтер-психолог со долгогодишно искуство во работа со менталното здравје која на присутните им ја доближи темата поблиску запознавајќи ги присутните со нејзини примери од секојдневното работење како со истите да се соочиме самите ние кога би ги имале при тоа акцентирајќи ја потребата од грижата за себе и за другите околу нас. Учесниците интерактивно учествуваа на работилницата со сопствени видувања и искуства.












































