март 13, 2023
Работилница за Психо-социјална поддршка
На 13.03.2023 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп се реализираше работилница за Психо-социјална поддршка при итни и кризни состојби. Едукатор на работилницата беше лице кое ја има претходно поминато обуката на истата тема, а слушатели беа волонтери од ООЦК Прилеп. Преку разни вежби и интерактивен разговор присутните волонтери имаа можност поблиску да се запознаат со доста актуелните теми во последниот период. Работилницата предизвика интерес кај присутните и во наредниот период ќе се реализираат и други работилници на истата тема.