јуни 5, 2025

ПРОМОЦИЈА НА КЛУБ НА МЛАДИ

Во текот на месец Мај, нашите волонтери од Клубот на млади при ООЦК Прилеп со голема посветеност и ентузијазам одржаа презентации за регрутација на нови волонтери. Тие ги посетија учениците во основните училишта ООУ„Блаже Конески“ и ООУ„Гоце Делчев“, како и во средното училиште СОУГ „Мирче Ацев“. Со креативен пристап, инспиративни приказни и многу позитивна енергија, нашите волонтери им ја доближија мисијата на Црвениот крст на учениците, охрабрувајќи ги да станат дел од едно големо хумано семејство. Атмосферата беше полна со интерес, мотивација и желба за вклучување – токму она што го прави волонтерството толку посебно! Бидете дел од нашето друштво! Ова лето ве чекаат безброј активности и спомени, како и можности да ја сопделите вашата креативност и волонтерски дух со останатите!

< врати се назад