ПРОЕКТИ – Подготвеност и дејствување при катастрофи

– Форум на југоисточна Европа за адаптација кон климатските промени

Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија
Донатор: Европска комисија – IPA Socio – Economic Partnership programme
Апликант: Австриски Црвен крст
Број на партнери во проектот : 8
Партнери
: Црвен Крст на Црна Гора, Македонски Црвен Крст, Хрватски Црвен Крст, ЦМЕ (Центар за мониторинг и евалуација, Србија)– Извршни партнери, имплементатори на проектот,

Останати партнери кои пружаат експертска поддршка, (тренери, фасцилитатори…) – Климатскиот центар на Црвен КрстЦрвената полумесечина (Холандија), WWF (World Wide Fund for Nature – светскиот фонд за природа, Австрија), WWF (World Wide Fund for Nature – светскиот фонд за природа, Романија), Институт за економска промоција на Австриската федерална стопанска комора (AFEC).

Поради близината и сродноста на народите од Балканот, Црвениот крст заедно со другите граѓански здруженија и невладини организации даваат важен придонес за справување на населението со глобалните предизвици. Невладините организации од Западен Балкан често пати не се доволно вклучени во процесите на политичките одлука особено во поглед на иднината на земјите за влез во ЕУ. Поради овие причини организациите на граѓанското општество мора да се зајакнат не само во нивниот понатамошен развој како сервис за давање на услуги, но и на полето на адвокативноста.
повеќе…

Активности

Идни активности во рамките на проектот
Предвидената акција е во потполност усогласена со развојните цели на земјите од југоисточна Европа. Во SEE/CCFAP-A (Во рамките на Југоисточна Европа за адаптација на климатските промени), владите на земјите од Југоисточна Европа го препознаваат значењето за адаптација на климатските промени со цел да го одржат развојот и да ја намалат сиромаштијата. Тие исто така се обврзуваат да интегрираат начин за разгледување во врска со климатските промени во развојот на клучни економски сектори како и во напори кои имаат за цел заштита на животната средина.
повеќе…

Состанок за формирање на мрежата од НВО

Одржан состанок за формирање на мрежата од невладините организации
Во просториите на Црвениот крст на Македонија на 12 мај, 2011 год. со почеток во 10 часот се одржа информативниот состанок по повод проектот Форум на југоисточна Европа за адаптација кон климатските промени. Целта на состанокот беше формирање на мрежа од невладини организации кои активно ќе бидат вклучени за време на овој проект. Состанокот го отвори Генералниот секретар на ЦКРМ Саит Саити кој им посака добредојде на организациите од граѓанскиот сектор како и на проект менаџерот Г-ѓа Соња Греинер од Австриски Црвен крст.
повеќе…

Работилница на Мрежата за климатски одговор

Во рамките на ИПА ЕУ проектот Форум на југоисточна Европа за Адаптација кон климатските промени, во период од 21.06 – 23.06.2011 год. во просториите на ЦКРМ, беше одржана работилница со 15 организации од граѓанскиот сектор. Целта на работилницата беше официјално формирање на Мрежата за климатски одговор заедно со развој на заеднички приоритети и политики во однос на одредени конкретни теми од областа на Климатските промени.
повеќе…

Регионална работилница 14-16.09.2011

Во поглед на јакнење на капацитетите на 4те Мрежи од граѓански организации на Република Србија, Хрватска, Црна Гора и Македонија, Црвениот крст на РМ ќе организира регионална работилница во периодот од 14 до 16 септември 2011 год. Темата на работилницата ќе биде : – Анализа на ризиците од климатски промени а на истата ќе присуствуваат околу 40 членови од Мрежите, кои се дел од овој проект.
повеќе…

Национална ЕУ Acquis обука 7-8.11.2011

Во периодот од 7 и 8 Ноември 2011 год. во просториите на Црвениот Крст на Р. Македонија беше одржана Национална работилница на темата Европските легислативи и климатските промени. Работилницата беше дел од редовните активности на регионалниот ЕУ ИПА проект Форум на Југоисточна Европа за адаптација кон климатските промени а на истата присуствуваа членовите на Македонската Мрежа за Климатски Одговор.
повеќе…

Одбележување на Меѓународниот ден на планината

Во рамките на Мрежата за климатски одговор, Црвениот крст на Република Македонија беше поканет од страна на Федерацијата на планински спортови на Македонија да учествува во одбележување на Меѓународниот ден на планината. Настанот се случи на 11 декември 2011 година а за истиот беа подготвени подготвено неколку рути за планинарење кои сите водеа до Матка. Четворица планински спасители од Тимот за спасување на планина при Црвениот крст на град Скопје, беа анга жирани за обезбедување на маршутата Водно-Матка, а мобилен тим со доктор и возило за цело време беШе присутен на крајната дестинација.
повеќе…

Национална обука за адвокативност и лобирање

Во период од 21 до 22 декември 2011 година, Црвениот крст на Република Македонија организираше обука за адвокативност и лобирање наменета за членовите од Македонската Мрежа за климатски одговор формирана во рамките на ИПА ЕУ проектот Форум на Југоисточна Европа за адаптација кон климатски промени. Во поглед на јакнење на капацитетите на граѓанските организации, на обуката беа изнесени најважните механизми и политики за застапување и лобирање во Република Македонија. Понатаму членовите на мрежата, а особено оние кои веќе се запознаени со процесот на застапување и лобирање, имаа можност да ги споделат своите искуства и научени лекции со останатите присутни. Во рамките на оваа работилница беше одржана и обука за ЕУ Фондови каде што беа истакнати најважните факти во однос на следење и подготовка на отворени ЕУ повици.
повеќе…

Работен состанок со Мрежата за климатски одговор

На ден 11 април 2012 година Мрежата за климатски одговор одржа работен состанок со цел разгледување на Извештајот за процена на ризиците од климатски промени на ниво на Република Македонија. Извештајот преставува дел од активностите на регионалниот ЕУ ИПА проект Форум на Југоисточна Европа за адаптација кон климатски промени а за негова изработка е ангажирано експертско лице за кризен менаџмент доц. Александар Главинов редовен професор на Воената Академија во Скопје.
повеќе…

Работилница за Комуникациски вештини и вештини за застапување

Во период од 10 и 11 април 2012 година, во рамките на регионалниот ЕУ ИПА проект Форум на Југоисточна Европа за адаптација кон климатски промени, во просториите на Црвениот крст на Република Македонија се одржа работилница на темата комуникациски вештини и вештини за застапување. На работилницата присуствуваа членовите на Мрежата за климатски одговор како и одредени стручни соработници на Црвениот крст на Република Македонија.
повеќе…

Извештаи и материјали
< врати се назад