јуни 26, 2025

Превентивни активности за заштита од шумски пожар

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп превзема превентивни активности на полето за заштита од шумски пожар во делот на спречување на катастрофи и елементарни непогоди. Поради се поголемиот број на пожари во прилепскиот регион каде секоја година имаме потешкотии со справување со истите се наметна потребата од спроведување на кампања која ќе биде во насока на превентивни активности и дистрибуција на соодветен пропаганден материјал за заштита од пожарите. Со кампањата се опфатени и териториите на општините Кривогаштани и Долнени.

< врати се назад