Предавање на тема „Депресија кај возрасни лица“
Да се чувствуваме нерасположени, тажни, нервозни е нормален дел од животот, но ако овие чувства траат подолг временски период и го засегаат нашето секојдневно функционирање, треба да посветиме внимание на нашите чувства и тело и да откриеме каква порака ни испраќаат. На предавањето организирано од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп вкупно 97 пензионерите беа едуцирани на тема депресија, кои се нејзините знаци и симптоми, како да ја препознаат кај себе или кај некој близок, кога и каде да се обратат за помош. Депресијата е сериозно нарушување на расположенито и влијае на нашето секојдневно функционирање, на начинот на кој размислуваме и се однесуваме. Депресивните состојби се чест проблем во општата популација, но кај повозрасните депресијата често има поинакво лице и важно е да знаеме како да ја препознаеме, за навремено и соодветно да се третира. Да запомниме, депресијата е честа, но не смееме да ја прифаќаме како нормална состојба и да ја игнорираме. Без разлика на возраста треба да умееме да чувствуваме радост и задоволство и доколку имаме потреба да побараме помош, за да можиме да уживаме во благодетите на секој период од животот.