октомври 28, 2024
„Помислете и на нас“
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше дистрибуција на помошта обезбедена од спроведената кампања по повод Неделата на борба против гладта. Помошта беше дистрибуирана до социјално загрозени семејства кои се обратија во Општинската организација и до домовите на семејствата во општините Кривогаштани и Долнени. Дистрибуирани се 30 пакети храна кои се обезбедени од реализација на собирни пунктови, но и со сопствени средства на Општинската организација.