октомври 31, 2023
„Помислете и на нас“
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше дистрибуција на помошта обезбедена од спроведената кампања по повод Неделата на гладта. Помошта беше дистрибуирана до социјално загрозени семејства кои се обратија во Општинската организација и до домовите на семејствата во општините Кривогаштани и Долнени. Дистрибуирани се околу 450 килограми храна кои се обезбедени од реализација на собирни пунктови, но и со сопствени средства на Општинската организација. Сакаме да им изразиме благодарност на вработените во Комерцијална банка филијала Прилеп кои традиционално и оваа година се вклучија во кампањата преку обезбедување на 36 килограми храна.