март 11, 2025

„Подигни свест, победи рак“

Под мотото „Подигни свест, победи рак“, со цврсти и сигурни чекори марширавме не само како поединци, туку како обединета сила против ракот-битка водена со издржливост, надеж и непоколеблива храброст. Чекоревме за воините што се борат, за преживеаните кои не инспирираат и за најблиските што ги изгубивме, но никогаш нема да ги заборавиме, носејќи го ветувањето за иднина ослободена од оваа немилосрдна болест.

Маршот го организиравме во соработка со здравствената секција при СОУ Ѓорче Петров и сакаме да им се заблагодариме на сите членови на овие организации кои се потрудија овој марш да стане дел од подигањето на свеста за победа на ракот.

< врати се назад