јуни 4, 2025

ПХВ циклус 2025 во ООЦК Прилеп

Во рамките на ПХВ програмата, 31 младинец активно се вклучија во реализација на 6 хуманитарни проекти. Со нивната ангажираност беше помогнато на две семејства од социјален ризик, Домот за стари лица, Центарот за церебрална парализа и Општата болница со проширена дејност. Проектите вклучуваа разновидни активности како донации, продажба на рачно изработени честитки и предмети, продажба на изработени колачи, мафини, палачинки и продажба на лимонада, организирање на спортски настани и промоции на филмови, сè со цел поддршка и грижа за ранливите категории. Дополнително, беше реализиран и еден интеркултурен проект со вклучување на ученици од средното општинско училиште „Кузман Јосифоски – Питу“. Преку заеднички активности и соработка, учениците имаа можност да градат мостови на разбирање, прифаќање и почитување на различностите, придонесувајќи кон развој на интеркултурна чувствителност и толеранција во заедницата.

< врати се назад