ПХВ недела 2022 – Ликовен конкурс
ПХВ неделата (Промоција на хумани вредности) се одбележува во периодот од 21-27 септември, а има за цел да се анимираат младите, да се промовира мирот, толеранцијата и соживотот во земјата!
Оваа година ја одбележуваме со Ликовен конкурс на тема “Промоција на хумани вредности” за деца во основните училишта, поделени во две категории- за ученици од 6 и 7 оделение и 8 и 9 одделение. Може да учествува секој, а техниката на цртање е по избор.
Праќањето на творбите треба да биде по мејл, во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп, од 12 до 27 септември. Наградата е викенд за цело семејство во Струга во х.Солферино, за најуспешните во двете категории.
Технички детали: Цртежот треба да се фотографира без блиц (со природна светлина) и да се испрати во JPG формат со следни информации: име и презиме на детето, одделение, години, училиште, град, техника на цртање (пр. Ана Силковска, VII одд., 14г. , ОУ М.Милевски-Прилеп, акварел).
Повеќе информации во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп на улица Јоле Андоноски број 5а, на телефон 048/424-710 или маил: prilep@redcross.org.mk.