март 22, 2022
Одржана првата ПХВ работилница
Во рамките на овогодинешниот ПХВ циклус во кој што се вклучи и Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп беше реализирана првата од вкупно три ПХВ работилници. Работилницата предизвика голем интерес кај младите кои повторно по пауза од две години заради Панедмијата со Ковид – 19 имаат можност да се вклучат во ПХВ програмата со изработка на мали проекти од корист за заедницата. На првата работилница младите се запознаа со Движењето и значењето на Црвениот крст и стекнаа основни познавања за истото. Во наредниот период истите младинци треба да поминат уште две обуки и потоа да почнат со реализација на нивните ПХВ проекти.