октомври 17, 2024

Одбележана Неделата на млади

По повод Недела на млади, Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп одржа две активности на 05.10.2024 година. На првиот настан се одржа отворен ден (на градскиот плоштад), каде имаше вклучено – катче за прва помош, за освежување и друштвени игри. Катчето за освежување се состоеше од лимонади и колачиња со QR кодови, од  кои волонтерите поделија на минувачите, се со цел да се привлечат повеќе млади. Додека пак, кај катчето за прва помош оние волонтери кои беа обучени за прва помош, ја прикажуваа истата и со тоа им овозможија на заинтересираните поминувачи да видат како правилно се дава прва помош. Катчето за игри беше предвидено за дружба како и запознавање на волонтерите од Клубот на млади. На вториот настан преку video call директно се приклучивме на централниот настан на кој се прикажуваа и останатите Клубови на млади. Тука беше проектирано промотивното видео, кое што беше наменето за Недела на млади. Овој настан се случуваше кај саат кулата, каде што беа присутни наши волонтери и истите ја кажуваа својата приказна околу волонтирањето во Клубот на млади. Имаше повеќе различни приказни, кои ние ги документиравме и ги искористивме за наше промотивно видео за Неделата на млади. Целта на овие два настани беше да се регрутираат повеќе волонтери и воедно и самите волонтери да имаат прилика да се дружат и да си ја искажат нивната приказна, со што се зголеми бројот на нови членови на ООЦК Прилеп од структурата на млади со платена членарина.

< врати се назад