
септември 18, 2025
Одбележан Светскиот ден на првата помош
Под мотото „Прва помош и климатски промени“ Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп го одбележа Светскиот ден на првата помош. Од страна на обучени волонтери од ООЦК Прилеп беше реализирана показна вежба за учениците од Гимназијата Мирче Ацев од Прилеп, каде присутните имаа можност да научат повеќе за првата помош. Исто така од страна на волонтери од Клубот на млади беше реализирана дистрибуција на едукативно пропаганден материјал поврзан со првата помош во центар на градот за сите случајни минувачи.
