Одбележан Денот на крводарителството во РСМ
По повод Денот на крводарителството во РСМ, Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше крводарителска акција во просториите на општина Прилеп во соработка со Локалната самоуправа на Прилеп и Институтот за трансфизиона медицина, а поддржано од страна на Градоначалникот на Прилеп кој и самиот даруваше крв се со цел промовирање на крводарителството како еден од најхуманите чинови во Република Северна Македонија. Крводарителската акција предизвика голем интерес кај локалното население и вкупно 61 крводарител даруваше од својата драгоцена течност.
Истовремено волонтери од Клубот на млади вршеа промоција и агитирање за крводарителството низ центарот на градот со делење на флаери за крводарителство кои беа наменски изработени за потребите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп, а содржеа информации за тоа кој можи да дарува крв, начинот и постапката за дарување на крв и кои бенефиции ги имаат крводарителите.