Одбележан Денот на крводарителството
По повод Денот на крводарителството, Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше крводарителска акција во просториите на општина Прилеп во соработка со Локалната самоуправа на Прилеп и Институтот за трансфизиона медицина, а поддржано од страна на Градоначалникот на Прилеп со цел промовирање на крводарителството како еден од најхуманите чинови во Република Северна Македонија. Крводарителската акција предизвика голем интерес кај населението и вкупно 61 крводарител даруваше од својата драгоцена течност.
Истовремено волонтери од Клубот на млади вршеа промоција и агитирање за крводарителството низ центарот на градот со делење на флаери за крводарителство, а содржеа информации за тоа кој можи да дарува крв, начинот и постапката за дарување на крв и кои бенефиции ги имаат крводарителите.