Одбележан 14 Јуни Светскиот ден на крводарителството
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп со низа на активности го одбележа „14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството“ при тоа ставајќи акцент на мотивирање на нови крводарители и наградување на веќе постоечките. Од страна на Клубот на млади беше спроведена кампања со делење на флаери за мотивирање на нови крводарители, флаерите содржеа информации за тоа кој се може да биди крводарител, што значи да си крводарител и кои се предностите на крводарувањето.
Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп беше реализирана крводарителска акција на која крв даруваа 19 крводарители и при тоа уште еднаш ја покажаа својата хуманост и несебичност. На сите крводарители им беа доделени скромни подароци во знак на благодарност за нивната хуманост.