април 26, 2023
Обуки за негователи за стари лица и лица со попреченост
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во текот на месец Март 2023 година започна со реализација на обуки за негователи за стари лица и лица со попреченост. Обуките се реализираат од страна на четворица обучени едукатори, а во рамките на истите кандидатите ќе се стекнат со нови знаења и техники од областа на нега во домашни услови, психосоцијална поддршка, како и теоретски и практични знаења за соодветните целини групи за кои се обучуваат негователите. Со овие обуки опфатени се вкупно 68 лица од општините Прилеп, Крушево, Долнени, Кривогаштани и Демир Хисар.