септември 23, 2022
Обука за негователи за стари лица и лица со попреченост
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп започна со реализација на обука за негователи за стари лица и лица со попреченост. Обуката ќе ја спроведуваат четворица едукатори и тоа: доктор, медицинска сестра, дефектолог и социјален работник. Во рамките на обуката кандидатите ќе се стекнат со нови знаења и техники од областа на нега во домашни услови, психосоцијална поддршка, како и теоретски и практични знаења за соодветните целини групи за кои се обучуваат негователите. Со реализацијата на оваа обука Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп го зголемува својот капацитет за 12 нови негователи за стари лица и лица со попреченост.