март 8, 2023
Недела на борба против ракот
Под мотото „Знаењето спасува живот“ Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп ја одбележа „Неделата на борба против ракот“, а со цел подигање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања. Оваа година беше организирано предавање на тема „Превенција и откривање на малигните заболувања„ на кое присуствуваа 21 слушател. Во текот на неделата исто така на социјалните мрежи од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп беа споделувани објави за превенција од појава на малигни заболувања.