ноември 14, 2024

НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО!

„НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО” е иницијатива на Сина Револуција на територијата на Општина Прилеп, со цел одбележување на 14 Ноември – Светскиот ден на лицата со дијабетес. Сите сме дел од природата и нејзините чувари, но со секој ден шумите се намалуваат, а климатските промени стануваат поизразени. Емпатијата не се мери во зборови туку во дела, а оваа акција беше имено таква. Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп на 10 Ноември се вклучија во акцијата за пошумување околу селото Прилепец. Оваа акција за пошумување стана не само акт на засадување на нови дрвја туку и израз на грижа и поддршка кон оние кои секојдневно се борат со дијабетисот. Со секој удар на лопата и посакување за подобро утре, ја испративме пораката дека сме заедно во борбата за здравје и природата. Голема благодарност до Сина Револуција што ни дадоа шанса да бидеме дел од оваа успешна акција за подобрување на заедницата и борба против дијабетесот.

< врати се назад