декември 7, 2023

Ликовна работилница

Како последна активност за оваа година предвидена во рамките на ЛАП за деца со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства поддржан од Комерцијална банка е ликовната работилница за изработка на честитки и новогодишни украси. Преку креативна работилница штитениците од Дневниот центар заедно со волонтерите од Клубот на млади изработија новогодишни честитки и украси како кои ќе ги разубавуваат просториите на Дневниот центар.

< врати се назад