Крводарителски акции во средните училишта во Прилеп
По неколку години пауза Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше крводарителски акции во сите пет средни училишта кои се наоѓаат на територијата на општина Прилеп. Крводарителските акции беа реализирани во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и средните училишта. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп преку свој обучен мотиватор за крводарување реализираше едукативни и мотивирачки предавања за сите средношколци со полни 18 години кои можат за прв пат во својот живот да даруваат крв и при тоа да помогнат на некого со својата драгоцена течност. Крводарителските акции предизвикаа интерес кај младите и вкупно 81 крводарител имаше мнжност да дарува од својата драгоцена течност.