ноември 11, 2024
Крводарителска акција со регион ИПА Прилеп
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со Одделението за трансфузиона медицина Прилеп и Интернационалната полициска асоцијација – регион Прилеп реализираа крводарителска акција во канцелариите на ИПА Прилеп. Членовите и поддржувачите на ИПА Прилеп уште еднаш ја покажаа својата хуманост и вкупно 23 крводарители даруваа од течноста која спасува живот.