септември 26, 2023
Крводарителска акција со полицијата и вработените од КПД Затвор Прилеп
На 26.09.2023 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Прилеп во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше крводарителска акција за полицијата и вработените од КПД Затвор Прилеп. Крводарителската акција се реализира со одличен одзив од вкупно 32 дарувани единици на крв. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува со реализација на планот за крводарителство за 2023 година со цел задоволување на потребите со крв во нашата држава.