февруари 15, 2024
Крводарителска акција по повод Светскиот ден на извидниците
По повод Светскиот ден на извидниците, а во соработка помеѓу Извиднички одред Феникс – Прилеп, Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина – Одделение за трансфузиологија Прилеп, успешно беше спроведена крводарителска акција на која 15 членови и поддржувачи на Извидничкиот одред Феникс даруваа крв, а со самото тоа помогнаа во спасување на нечиј живот.