февруари 24, 2023
Крводарителска акција по повод Светскиот ден на извидниците
По повод Светскиот ден на извидниците Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во соработка со Извиднички одред Феникс – Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина успешно реализираа крводарителска акција во која вкупно 19 членови на Извидничкиот одред Феникс и граѓани на Општина Прилеп даруваа крв и со тоа помогнаа во спасување на нечиј живот.