ноември 7, 2022
Караван за вакцинација против Ковид – 19
Со двајца свои волонтери Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп се вклучи во реализација на караванот за вакцинација против Ковид – 19 кој се реализираше во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Волонтерите на Црвен крст споделуваа веродостојни информации за вакцинирањето против КОВИД-19, како и за придобивките од вакцинацијата и ризиците од одложување. Се даваа и информации за локациите и работното време на најблиските здравствени домови, каде има вакцини на располагање за сите. Сите овие активности се со цел зголемување на свесноста кај населението од потребата за вакцинација против Ковид – 19 посебно кај постарото население и лицата со хронични болести.