ноември 7, 2022
Кампања „Помислете и на нас“
По повод одбележувањето на „Неделата на борба против гладта„ од 16 до 22 Октомври Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп реализираше активности за изнаоѓање на фондови за помош на ранливото население, како и кампања за Покренување на општото мислење на јавноста за проблемите на сиромаштијата. Промоцијата на кампањата на социјалните мрежи и локалните медиуми како и дистрибуција на флаери до локалното население и корпоративниот сектор придонесе акцијата да се реализира доста успешно и да се соберат парични средства за купување на 30 пакети со храна кои беа дистрибуирани на социјално загрозени лица од општините кои ги покрива Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп.