мај 15, 2023

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп со двајца свои обучени волонтери за пружање на прва помош зеде активно учество во успешната реализација на втората по ред еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“. Во Прилеп акцијата за чистење се реализираше околу вештачкото езеро каде голем број на граѓани, ученици и вработени во институции зедоа активно учество во истата. Собраниот отпад беше селектиран, а при тоа немаше потреба од ниту една интервенција од страна на обучените волонтери за пружање на прва помош.

< врати се назад