Едукација по прва помош за ученици и вработени од ООУ Климент Охридски Прилеп
Согласно планот на активности Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп продолжува со реализирање на едукации по прва помош за ученици и вработени од училиштата во Прилеп. На 11.04.2023 година од страна на обучен предавач по прва помош се реализираа две едукации по прва помош на кои што учениците и вработените од ООУ Климент Охридски Прилеп добијаа основни предзнаења за првата помош.
Едукациите се реализираа во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп на истите присуствуваа вкупно 48 лица и беа опфатени теми од првата помош кои што се во најголем интерес на учениците и вработените од основното училиште. Во наредниот период согласно планот ќе се продолжи со реализација на едукации и со останатите училишта.