септември 30, 2024
Еднодневна екскурзија
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп во рамките на Локалниот акционен план за лица со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства реализираше еднодневна екскурзија со штитениците од Дневниот центар Ѕуница. На посетата штитениците од Дневниот центар Ѕуница заедно со волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп имаа можност да се дружат меѓусебно и да се запознаат со природните убавини. Сите овие активности се финансиски поддржани од страна на Комерцијална банка.