септември 21, 2022
Еднодневна екскурзија
По два месеци пауза во месец Септември 2022 година продолжи со реализација Локалниот акционен план за деца со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства поддржан од Комерцијална банка. Овој пат се реализираше екскурзија во манастирот Свети Спас во околината на Крушево. На екскурзијата штитениците од Дневниот центар Ѕуница заедно со волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп имаа можност да се запознаат со културно-историското наследство и природните убавини на крушевскиот регион и при тоа се дружеа меѓусебе и заеднички подготвуваа храна во природа.