октомври 14, 2024

Донација на школски прибор

Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп под мотото „За посреќно детство“ реализираше кампања со цел обезбедување и донација на школски прибор за деца од социјално загрозени семејства. Првата активност која што се реализираше беше собирна акција за училишен прибор, која се реализираше во центарот на градот и имаше добар одзив од страна на граѓаните за истата. Втората активност беше проекција на филм од кој со собраните парични средства се набавија школски сетови. Вкупно 55 школски сетови преку работилница со децата беше дониран од страна на волонтери на Клубот на млади.  

< врати се назад