декември 9, 2022
Доделени сертификатите на негувателите за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
Во период од 29.08.2022 до 27.10.2022 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп според посебната програма за образование на возрасни реализираше обука за 12 нови негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Обуката се реализираше во просториите на Општинската организација и истата беше спроведена од страна на четири обучени лица и тоа доктор, медицинска сестра, дефектолог и социјален работник. Во рамките на обуката новите негуватели се стекнаа со компетенции за пружање на основна нега на стари и немоќни лица и лица со попреченост во домашни услови, психосоцијална поддршка како и теоретски и практични знаења за соодветните целни групи за кои се обучуваа негувателите.