„Да зборуваме за менталното здравје“
Во рамките на проектот„ЛАП за деца со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства“, поддржан од Комерцијална банка, ЦКРСМ – ОО Прилеп организираше работилница „Да зборуваме за менталното здравје“ во просториите на Дневниот центар „Ѕуница“, каде свое учество зедоа штитениците од центарот, родителите/старатели и вработените, по повод „Денот на згрижувачите“ 01.06., кој традиционално се одбележува потпомогнат од ЦКРСМ – ОО Прилеп.
Темата на работилницата беше „Влијанието на Ковид-19 врз менталното здравје“. Се работеа искуствени практични техники поддржани со психоедукација за справување со посттрауматската состојба предизвикана од Ковид 19 и зачувување на менталното здравје. Работилницата ја водеше волонтер-психолог со долгогодишно искуство во работа со менталното здравје при ООЦК Прилеп.
Учесниците интерактивно учествуваа на работилницата со искустевни, сопствени видувања и искуства, поддржани со практични техники за справување со посттрауматски состојби.
Голема благодарност до учесниците со честитки за празникот!