Бесплатни гинеколошки прегледи
Црвен крст на Република Северна Македонија продолжува со обезбедувањето на поддршка за мобилниот тим на гинеколошката мобилна амбуланта во процесот на превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката кај жени кои живеат во рурални средини.
Следна локација каде што се започна со бесплатните гинеколошки прегледи е општина Кривогаштани каде што Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп преку низа на активности обезбеди непречена реализација на истите. Најпрво од тим на волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп беше извршено мапирање на ранливите целни групи особено жени во рурални средини при што се обезбедија податоци и информации за жените кои имаат потреба од превентивен гинеколошки преглед. Потоа од страна на наши волонтери беше поставен шатор на претходно одредена локација каде што ќе се паркира и амбулантно возило опремено за вршење на гинеколошки прегледи. Двајца волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп обезбедуваат административна поддршка при спроведувањето на превентивните активности.
По завршувањето на бесплатните гинеколошки прегледи во општина Кривогаштани, ќе се продолжи со реализација на истите активности и во општина Долнени. Предвидено е во текот на две до три недели во двете општини да се реализираат најмалку 120 бесплатни гинеколошки прегледи со оглед на големата заинтересираност кај локалното население.