
ноември 18, 2025
„Акција за пошумување“
На иницијатива на Сина Револуција на територијата на општина Прилеп, со цел одбележување на 14 Ноември -Светскиот ден на лицата со дијабетес се реализираше акција за пошумување. Волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп се вклучија во акцијата која стана не само акт на засадување на нови дрвја туку и израз на грижа и поддршка кон оние кои секојдневно се борат со дијабетесот.
Голема благодарност до Сина Револуција што ни дадоа шанса да бидеме дел од оваа успешна акција за подобрување на заедницата и борба против дијабетесот.












































