октомври 24, 2023
7 принципи ЗА, 7 причини затоа
Да си член на Црвен крст 7 принципи ЗА, 7 причини затоа, е проект за млади кој Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Прилеп го реализира со поддршка од Фондот за развој. Со проектните активности младите кои се нови членови на Црвен крст имаат можност бесплатно да посетуваат курсеви по англиски, германски, математика и физика. Младите покрај курсевите следат и дисеминациски сесии, добиваат насоки за можностите за вклучување во активностите на Црвен крст, но и развиваат чувство за хуманост и солидарност. Црвен крст покрај сопствената промоција во локалната заедница во првиот месец на имплементација на проектот е побогат за 160 нови млади членови.